Украина: Змискиот остров е клучен, ќе се бориме за него се додека е потребно

Сподели со своите пријатели

Украина ќе се бори за Змискиот остров во Црното Море онолку долго колку што е потребно, изјави во денешното ТВ интервју Кирило Буданов, директор на воената разузнавачка служба на Украина.

Loading...

„Кој го контролира Змискиот остров може во секое време да го блокира движењето на цивилните бродови во сите правци во јужна Украина“, рече Буданов.

 

Валерија се венчала во Азовстал, три дена подоцна останала вдовица (ФОТО)

 

Во последните денови и украинската и руската страна потврдија дека се водат жестоки битки за Змискиот остров. Токму овој остров би можел да стане клучен за контрола на западниот брег на Црното Море, според Sky News.

Да потсетиме, Украинците неодамна објавија дека нивните сили погодиле руски хеликоптер на островот, во време кога војниците се симнувале од него.