Во украинскиот регион Полтава, остатоците од соборените руски беспилотни летала ја оштетија енергетската инфраструктура, а 20 населени места останаа без електрична енергија, изјави шефот на регионалната воена управа на Полтава, Филип Пронин.
Тој изјавил дека во нападот нема жртви, а остатоците од руските дронови оштетиле неколку приватни куќи, пренесува Укринформ.
Остатоците од соборените беспилотни летала ја оштетија и енергетската инфраструктура во регионот Полтава, поради што 20 населени места останаа без струја, а за отстранување на последиците се ангажираа сите надлежни служби, нагласи Пронин.
Украинските одбранбени сили соборија вкупно 66 нападни беспилотни летала „Шахед“ кои Русите ги користеа за да ја нападнат Украина во текот на ноќта, објавија на Телеграма воздухопловните сили на Вооружените сили на Украина.