Украина се подготвува за најлошото, ситуацијата во нуклеарката „станува критична“

Сподели со своите пријатели

Во Украина е сосема невообичаено кога некој владин функционер ненадејно ќе ве покани на терен.

Loading...

Многу почесто, таквата покана не содржи речиси никакви информации.

Главната причина е безбедноста, бидејќи не е многу паметно јавно да се објави каде и кога ќе се појави одреден министер, особено во време кога се браните од инвазијата на соседна држава.

ВВС се согласиле на поканата и набрзо се нашле на аеродром во близина на Киев, каде заедно со други новинари се качиле на хеликоптер.

 Во тој момент им било јасно дека дестинацијата е градот Запорожје и дека темата со која се занимаваат е се опасната нуклеарна централа која се наоѓа јужно од тој град.

– Веќе 30 секунди откако полетавме, разбрав зошто ни понудија апчиња против гадење пред полетување. За да влезе под радарот, пилотот го држи хеликоптерот на висина од околу 10 метри и лета веднаш над далноводите, раскажуваат новинарите.

Веднаш по слетувањето во Запорожје, се забележуваат две работи – во градот доминира индустријата дури и повеќе отколку во Киев, а воздухот е многу влажен.

Пристигнувајќи на паркингот до супермаркетот, наишле на работници од итната помош облечени во жолти заштитни одела.

Loading...

Ја практикувале процедурата за чистење во случај на радиоактивна контаминација.

Вежбата ја следеле официјални лица кои сакале од прва рака да видат колку се подготвени луѓето во случај да се случи најлошото.

„Секако дека сме загрижени“, изјавил украинскиот министер за енергија Херман Халушченко за Би-Би-Си.

„Ситуацијата драстично се промени кога Русите почнаа да ја гранатираат оваа област на 5 август.

Украинската влада соопшти дека ситуацијата во нуклеарната централа „станува критична“.

Руската армија го окупираше тој објект – најголем од ваков вид во Европа – на почетокот на март.

Тие не одговориле на повиците да ја предадат контролата врз фабриката поради опасноста што ја претставува, а некои вработени во фабриката изјавиле за Би-Би-Си дека се држени како заложници „под закана со оружје“.

Во последните две недели има интензивно гранатирање во реонот на електраната и неговата околина, за што завојуваните страни меѓусебно се обвинуваат.

Loading...

НАТО е само една од меѓународните организации кои апелираат Русите да ги пуштат инспекторите на ОН во нуклеарната централа кај Запорожје и тврдат дека окупацијата на тој објект е сериозна закана за Украина, но и за соседните земји.

Официјалните лица стравуваат дека целата централа би можела да биде прекината бидејќи Москва се обидува да ја пренасочи електричната енергија кон Крим, полуостров што го анектираше пред осум години.

„Невозможно е да се гарантира дека нуклеарната централа е безбедна за употреба се додека таму се руските окупаторски сили“, рече украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски.

„Тоа е главната причина за загриженост и сите ние треба да го разбереме тоа“, додава тој.

Паркингот е и првата точка каде што се собираат Украинците кои успеваат да побегнат од блиските делови на земјата кои се под руска окупација.

Има цели редови автомобили полни со луѓе и спакувани куфери.

Во сенка седи Олена, која штотуку го напушти Енергодар, местото каде што се наоѓа нуклеарната централа.

„Таму е страшно, многу страшно, гранатирањето трае цело време“, вели Олена додека мало дете седи на нејзиното колено.

Loading...

Вели дека во последно време има се повеќе експлозии и дека станало премногу опасно.

„Не сакав да го напуштам мојот дом, но немав избор“, вели Олена.

Овој паркинг е одраз на Украина, која се обидува да направи што може во овие околности. Бидејќи Русите не можат да бидат принудени да излезат од најголемата европска нуклеарна централа, Украина се обидува да се подготви за најлошото сценарио, само во случај да се случи.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.