Украина се обидува да ја обнови работата на Запорожје

Сподели со своите пријатели

Украина денеска започна со обиди да овозможи работа на два реактори во нуклеарната централа Запорожје, која е под контрола на Русија, изјави денеска гувернерот на регионот Олександр Старук.

Loading...

– Техничарите работеа и го вратија снабдувањето со електрична енергија и во моментов шестиот блок е со капацитет од 10 проценти. Петтиот блок е во процес на продолжување со работа – рече тој, пренесува Ројтерс.

Државната нуклеарна компанија Енергоатом претходно денеска објави дека сите шест реактори на нуклеарната централа Запорожје се уште се исклучени од украинската електрична мрежа.

Украинските власти вчера објавија дека последните два реактори, од вкупно шест, во нуклеарната централа Запорожје се затворени поради пожар и оштетени далноводи.

Претставници на администрацијата во градот Енергодар, кој е под руска контрола, денеска објавија дека струјата од нуклеарната централа Запорожје вообичаено се испорачува во Украина, а малку подоцна член на регионалната администрација Владимир Рогов објасни дека произведената електрична енергија во таа постројка се доставува до териториите на Запорожје и Керсонско.кои се под руска контрола.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.