По големата контраофанзива на истокот на Украина, во која Украина ослободи огромна територија, армијата соопшти дека има напредок и на југ, кај Херсон.
Loading...
Украина пред неколку недели таму започна контраофанзива, која се одвива многу бавно и со многу жртви на двете страни.
Наталија Кумениук, портпаролка на јужната команда на украинската армија, рече дека некои руски војници се обидуваат да преговараат за предавање на украинските сили во близина на Херсон.
Повеќе детали не се познати, а не се знае ниту за колку војници станува збор.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.