Во изминатите 24 часа руските сили интензивно напаѓаат во правец на Бахмут и Авдиивка, соопшти Генералштабот на вооружените сили на Украина.
Loading...
Наведено е дека во изминатиот ден се регистрирани 115 конфликти, пренесува Униан.
Според украинскиот Генералштаб, 33 руски напади биле одбиени на правецот Бахмут, а 24 на правецот Авдиевски (Авдеевски).
Се додава дека повеќе од 110 населби во Чернихив, Суми, Харков, Луганск, Доњецк, Запорожје, Дњепропетровск, Херсон и Николаев под артилериски оган од руските сили.