Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека руските сили спроведуваат офанзивни операции во правец на Бахмут, Авдијивка и Новопавливска.
Руските сили се обидуваат да ги задржат териториите што ги зазедоа, концентрирајќи ги напорите на одвраќање на акциите на украинските сили во одредени правци, пренесува Укринформ.
Се додава дека руските сили ги гранатираат украинските сили долж линијата на фронтот, спроведуваат воздушно извидување и продолжуваат да таргетираат витална инфраструктура и цивилни објекти.
Украинскиот Генералштаб наведува дека во изминатите 24 часа руските сили извршиле четири ракетни и 28 воздушни напади, како и повеќе од 45 напади со повеќецевни ракетни системи.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.