Украина: Русија ги надополнува војниците од базите во Грузија

Сподели со своите пријатели

За да ги надополни единиците во Украина, Русија преместува војници од базите во Грузија, тврди Генералштабот на украинската армија.

Loading...

„Со цел да се надополнат вооружените сили на Руската Федерација, единиците на 4-та (Округ Цхинвали, Јужна Осетија) и 7-та (Абхазија) воени бази, кои се дел од Јужниот воен округ, беа префрлени од окупираните територии на Грузија во Украина“ објави Генералштабот на вооружените сили на Украина на Фејсбук, пренесува Укринформ.

 

За неколку часа во Австралија падна дожд колку што обично паѓа за еден месец

 

Според Генералштабот, од 4-та воена база во Украина се формирани и испратени во Украина три баталјонски тактички групи (БТГ) со вкупен број до 1.200 руски и осетиски војници, а од единиците на 7-та воена база.

Генералштабот на вооружените сили на Украина забележува дека руските војници сѐ уште имаат кадровски проблеми, а се наведува и дека „украинските единици во областите на Доњецк и Луганск одбиле четири напади на руските окупатори во изминатите 24 часа“.

 

Loading...

Ризик од експлозија на муниција во Чернобил

 

– Украинските војници уништија седум тенкови, седум оклопни возила, две возила и еден противтенковски топ. Непријателот претрпел жртви, се прецизира во соопштението на украинскиот Генералштаб, пренесе Укринформ.