Украина призна: Русите напредуваат во Бахмут

Сподели со своите пријатели

Руските сили се обидуваат да ја освојат територијата што ја загубија околу источниот украински град, но украинската армија ги одбива нивните напади, изјави денеска Хана Маљар, заменик министер за одбрана на Украина.

Loading...

Да потсетиме, редовната руска армија и платениците на озлогласената приватна руска компанија речиси една година се обидуваат да го освојат Бахмут, но украинските бранители сè уште држат помали делови од градот.

Сепак, во последните неколку недели Украинците извршија неколку мали контраофанзиви во околината на Бахмут и, како што тврдат, ослободија десетици квадратни километри територија.

„Тие сè уште не го контролираат целосно градот“

Руските сили неодамна освоија друг дел од територијата во самиот град, но сѐ уште не го контролираат целосно и сѐ уште се водат жестоки битки, изјави Маљар во интервју за украинската телевизија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД најавија нова воена помош за Украина во вредност од 500 милиони долари

За новинарите е невозможно да ја проверат ситуацијата на терен, со оглед на тоа дека Бахмут е најдолгата и најкрвавата битка во војната од почетокот на руската инвазија на Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.