Украина потврди: Контраофанзивата е подготвена

Сподели со своите пријатели

Украинските сили ги завршуваат подготовките за долгоочекуваната пролетна контраофанзива, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, додавајќи дека генерално гледано, сè е подготвено за голема контраофанзива.

Loading...

Резников, пренесува Ројтерс, на денешниот брифинг на интернет за новинарите рече: „Штом ќе се поклопат Божјата волја, добрите временски услови и одлуката на нашите команданти, ќе се тргнуваме“.

Резников не го објави датумот на започнување на контраофанзивата.

НАТО објави што испрати во Украина

Да потсетиме, Киев со месеци се подготвува за контраофанзива, чија цел е протерување на руските сили од окупираната територија на Украина на исток и југ.

НАТО вчера објави дека испратил повеќе од 98 отсто од ветените борбени возила во Украина, кои вклучуваат 230 тенкови и 1.550 оклопни транспортери.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така објави дека испратил „огромни количества муниција“ во Украина и дека обучил и опремил повеќе од девет украински бригади.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.