Украина: Погодена медицинска установа во Киев, три лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Најмалку три лица, меѓу кои две деца, загинаа утрово во руски воздушни напади врз Киев, соопштија украинските власти.

Loading...

Во нападот, кој започна околу 03:00 часот по локално време, се повредени десет лица.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм изјави дека „според првите извештаи на спасувачите, пронајдени се телата на три жртви, меѓу кои и две деца“ во областа Десњан.

„Сите откриени цели во воздухот се уништени“, соопшти воената администрација на Киев.

Според прелиминарните извештаи, во нападот биле користени крстаречки и балистички ракети.

Украинскиот министер Костјантин Кошеленко на Твитер објави дека мета била медицинска установа и дека загинале жена (33) и мајка (34) и дете (11).

 

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.