Украина подготвена да преговара за мир, објави кога и кој ќе биде посредник

Сподели со своите пријатели

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави за АП дека неговата земја има намера да одржи мировни преговори до крајот на февруари, околу годишнината од избувнувањето на војната.

Loading...

Тој додаде дека тоа најверојатно ќе биде во Обединетите нации, со генералниот секретар Антонио Гутереш како можен посредник.

Тој додаде дека е „апсолутно задоволен“ од резултатите од минатонеделната посета на претседателот Володимир Зеленски на САД, велејќи дека американската влада планира да ја подготви ракетната батерија „Патриот“ да биде оперативна во земјата за помалку од шест месеци.

Кулеба рече дека дипломатијата ќе игра важна улога во завршувањето на конфликтот во Украина.

„Секоја војна завршува како резултат на акциите преземени на бојното поле и на преговарачката маса“, рече тој.

„Обединетите нации би можеле да бидат најдоброто место за одржување на овој самит бидејќи не се работи за правење услуга на една земја. Ова е всушност вклучување на сите“.

Пред Русија да се вклучи во преговорите, Кулеба рече дека на Кремљ прво треба да му се суди за воени злосторства пред меѓународен суд.

Тој ги минимизираше коментарите од Москва дека Русија е подготвена за преговори и додаде:

Loading...

„Тие редовно велат дека се подготвени за преговори, што не е точно, бидејќи се што прават на бојното поле го докажува спротивното“.

Владимир Путин во последните денови тврдеше дека е подготвен да преговара, но дека Украина не сака да разговара.

Во понеделникот, украинското Министерство за надворешни работи покрена постапка со цел да се доведе во прашање членството на Русија во Обединетите нации и другите меѓународни заедници, објави во понеделникот украинскиот весник Правда.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.