Украина ќе повика Русија да не биде постојана членка на Советот за безбедност на ОН

Сподели со своите пријатели

Во понеделник, Украина планира да повика на отстранување на позицијата на Русија како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба доцна во неделата навечер по средноевропско време.

Loading...

– Утре и официјално ќе го кажеме нашиот став. Имаме многу едноставно прашање – дали Русија има право да остане постојана членка на Советот за безбедност на ОН и воопшто да биде во Обединетите нации? – праша тој во неделата навечер за време на маратонскиот говор што го емитуваше украинската државна телевизија.

Кулеба рече дека прашањето за постојаното место со вето на Русија во Советот, кое го имаат и САД, Велика Британија, Франција и Кина, веќе се дискутира во дипломатските кругови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Франција испраќа хаубици Caesar во Украина

Советот за безбедност се состои од 15 членки одговорни за решавање на глобалните кризи преку усвојување санкции, одобрување воени дејствија и воведување промени во повелбата на ОН.

Пет постојани членки со право на вето можат да блокираат каква било резолуција, како одраз на рамнотежата на силите по Втората светска војна, пренесува AFP.