Украина изминатиот ден 35 пати гранатирала населени места во ДНР

Сподели со своите пријатели

Украинската армија во текот на изминатиот ден 35 пати ги гранатираше населените места на Доњецката Народна Република (ДНР), при што беа испукани 214 куршуми од ракетно и артилериско оружје, соопшти денеска мисијата ДНР при Заедничкиот центар за контрола и координација на прекинот на огнот.

Loading...

Во овие украински напади се ранети осум цивили, пренесува Тас.

Според податоците објавени на каналот Телеграм на мисијата, украинските војници користеле повеќецевни ракетни системи, како и артилериско оружје со калибар 152 и 155 милиметри, пренесува Танјуг.

Украинските вооружени сили извршија напади врз областите на четири населени места во ДНР и оштетија седум станбени згради и три објекти на цивилна инфраструктура, се наведува во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп до Украина: Сакаме 500 милијарди долари во ретки метали

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.