Украина и Франција потпишаа меморандум за набавка на радари

Сподели со своите пријатели

Министрите за одбрана на Украина и Франција, Алексеј Резников и Себастиен Лекорну, во Париз потпишаа меморандум со групацијата Талес за испорака на радари МГ-200 за украинската воздушна одбрана.

Loading...

– Оваа опрема ќе ни помогне да ги забележиме непријателските беспилотни летала и проектили, вклучувајќи ги и балистичките. Нашето небо ќе биде заштитено од смртоносните напади на Русија, рече Резников, пренесува агенцијата Униан.

Лекорну претходно изјави дека заедно со Резников ќе има средба со директорот на воената фабрика „Нектер“, која го произведува артилериското средство „ЦЕСАР“ што Париз го снабдува со Киев, а најави и испорака на дополнителни 12 хаубици од овој тип во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Без помош од САД, Украина нема да има шанси да победи во војната со Русија

Париз ќе ги испрати првите тенкови на тркала AMKS10-RC во Украина во февруари.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.