Минатата недела, украинските сили успеаја да ги потиснат Русите на околу 2 километри во близина на источниот град Бахмут, изјави денеска заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар.
„Непријателот не успеа да ги реализира своите планови. Тие претрпеа големи загуби во жива сила, а нашите бранители напредуваа 2 километри во правец на Бахмут“, објави заменик министерот за одбрана во објавата на Телеграма, додавајќи: „Оваа недела не изгуби една позиција во Бахмут“.
И покрај огромните загуби, Русите не успеаја да го освојат Бахмут
Да потсетиме, Бахмут е град во источна Украина кој руската војска и платениците од Вагнер со месеци се обидуваат да го освојат.
Градот во кој живееле околу 70.000 луѓе пред војната е целосно уништен, но и покрај огромните ресурси кои Русија ги потроши за освојување на Бахмут, таа сè уште не го контролира целосно.
Си-Ен-Ен претходно објави за украинските контранапади во Бахмут и за напредувањето на крилата на главните руски сили.
Во текот на ноќта, да потсетиме, руското Министерство за одбрана ги демантираше извештаите на воените блогери за пробивање на одбранбените линии на руските сили северно и јужно од Бахмут.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.