Украина апелира до своите граѓани во странство да не се враќаат во земјата оваа зима

Сподели со своите пријатели

Вицепремиерката на Украина, Ирина Верешчук, апелираше до граѓаните кои живеат во странство да не се враќаат во Украина во текот на зимата за да заштедат струја од зградите кои беа тешко оштетени од руските сили.

Loading...

– Мораме да ја преживееме зимата, но, за жал, мрежите не можат да ја преживеат зголемената побарувачка – рече таа во својот апел до граѓаните на украинската телевизија, пишува Асошиетед прес.

– Ако е можно, засега останете во странство – додаде таа.

Верешчук рече дека „заканата од гранатирање, студ и глад останува“ осум месеци откако руската инвазија принуди милиони Украинци да ги напуштат своите домови.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските трупи уништиле 30 отсто од украинските електрани.

Во Украина на сила е намалувањето на струјата, а снабдувањето со електрична енергија е во прекин најмалку четири часа дневно.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.