Според метеролозите на УХМР, денес се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб јужен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 31 степен.
Loading...
До четврток под влијание на многу топла воздушна маса од југ ќе преовладува сончево и многу топло време. Дневната температура ќе биде над просекот за овој период од годината, а УВ индексот ќе има висока вредност 7.
Во четврток преку ден ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во петок ќе има преодно намалување на облачноста и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер што ќе услови опаѓање на дневната температура.