Од недела нашето подрачје ќе биде под влијание на серија од влажни воздушни бранови, кои ќе предизвикат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, а во недела во поголемиот дел од земјава, се очекуваат обилни врнежи од снег и формирање на снежна покривка.
Кон крајот на денот на некои места врнежите ќе преминат во дожд, а интензитетот постепено ќе се намалува.
Повремени локални врнежи од дожд ќе има и во наредните денови, но со променлив интензитет, информираат од УХМР.