УХМР постави метеоролошка станица во „Киро Бурназ“

Сподели со своите пријатели

Управата за хидрометеоролошки работи заедно со Министерство за земјоделство, водостопанство и шумарство поставија автоматска метеоролошка станица во Куманово, во кругот на Регионалниот средношколски центар „Киро Бурназ“ во Долно Којнаре, соопштија денеска од училиштето.

Loading...

Станицата е инсталирана во дворот на РЦСОО „Киро Бурназ“ и врши секојдневен метеоролошки мониторинг во целиот регион.

– Метеоролошката станица е поставена за потребите на целиот регион. Се добиваат податоци за веменската прогноза. Ќе се постават сензори кои ќе ги користи и училиштето и ќе се мери температурата, влага на почва, појава на евентуални заболувања кај растенијата и присуство на штетници, изјави, помошник-директор на регионалниот средношколски центар, Сашо Стефановски.

Управата за хидрометеоролошки работи ја избрала локацијата, а по добивањето на одобрение од Министерството за образование и наука е инсталирана во близина на училиштето, на отворен простор.

– Оваа метеоролошка станица е поставена со одобрение на Министерството за образование и наука, а проектот е на Министерството за земјоделие и се реализира преку УМХР. Поставена е на соодветна локација, изјави директорката на училиштето, Весна Трајковска.

Локацијата не е случајно избрана, запазени се повеќе критериуми, близина на град, обработливи површини.
Станицата врши мерење на врнежите, влагата во почвата, брзината, правец на ветерот, атмосферскиот притисок, влажноста и температурата и преку софистицирани софтверски решенија го анализираат ризикот за различни култури.

За потребите на наставата во училиштето за предметот агрометеорологија пред неколку години во училиштето е поставена мини метеоролошка станица која е поврзана преку софтверски систем на училиштето наменета за наставата на учениците.

МИА

Loading...