Како што информира Управата за хидрометеролошки работи, од утре, подрачјето на Република Македонија постепено ќе потпадне под влијание на многу топла воздушна маса од југ, која во наредните денови ќе услови повисоки дневни температури од просекот за овој период од годината.
Loading...
Особено топло ќе биде во понеделни и вторник кога на повеќе места температурата ќе надмине 34, а во југоисточните делови можно е да достигне и до 38 степени.
УВ индексот за овој период ќе има многу висока вредност меѓу 8 и 9.