Нема опасност за излевања на реките, по вчерашните обилни врнежи од дожд, велат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
Loading...
Податоците од хидролошките станици низ земјава поголеми зголемувања на водостојот покажуваат на р.Радика, р.Сатеска, р.Лепенец, р.Треска како и горниот тек на р.Вардар, информираат од УХМР.
Во горните текови од речните сливови се очекува намалување на водостојот во текот на денов, додека во долните можно е сеуште да останат зголемени, но со тенденција за намалување и без опасност од нивно излевања.
До крајот на денот врнежите насекаде ќе престанат, ќе настапи и извесно заладување, така што во текот на утрешниот ден ќе има намалување на водостоите на сите реки низ Македонија.