УХМР најавува пороен дожд, локално невреме и засилен ветер

Сподели со своите пријатели

Утре времето ќе биде променливо облачно, од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Долж Повардарието повремено ќе засилува северен до северозападен ветер.

Во четврток нестабилноста ќе се намали и особено претпладне ќе има услови за локална изолирана нестабилност, а ќе продолжи да дува засилен северен ветер Повардарието и во источните делови.

Дневната температура преодно ќе опадне и посвежо ќе биде во четврток и петок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денот на независноста утре ќе се одбележи и во Куманово

– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја, стои во соопштението на УХМР.

Никола Ивановски