Матеј Серафимовски, ученик во VI-3 одделение во ООУ „Кочо Рацин“ Куманово е единствен ученик од основните училишта од градот кој со сите освоени бодови се пласираше во финалето на Меѓународниот натпревар по англиски јазик “HIPPO” во категоријата Hippo 1 кое ќе се одржи на 9 – ти и 10- ти мај во Јесоло, Италија.
Матеј е извонредно талентирано дете за англиски јазик и со задоволство ќе се подготвува за финалето, вели неговиот ментор, Анита Димовска, професор по англиски јазик во ООУ ”Кочо Рацин”. За неа е неизмерна радост да има ученик како Матеј, вели Димовска.
Ученикот Стефан Соларски од Гимназијата „Гоце Делчев“ Куманово е финалист во категоријата Hippo 4, а негов ментор е Елена Марковска.
Овие ученици се наша гордост, но и голем успех за двете училишта, вели менторот Анита Димовска.