Ученичка од СОУ „Перо Наков“ со прво место во „Лидер во својата струка“

Сподели со своите пријатели

Ученичката Милена Спасовска од СОУ „Перо Наков“ го освои првото место на државниот натпревар „Лидер во својата струка“.

Loading...

На натпреварот во Гевгелија Спасовска беше најдобра во теорија и пракса меѓу сите учесници од целата држава.

Таа вели дека подготовките траеле околу три недели, а наградата била сосема неочекувана за неа. Таа своето образование планира да го продолжи на Економскиот факултето.

Конкуренцијата беше голема и затоа не знаев кое место ќе освојам. Пораката до младите е да се пријавуваат на натпреварите, затоа што ниокгаш не се знае – изјави гордата ученичка.

Професорката по економските предмети, воедно и ментор на Милена Спасовска вели дека ова е голем успех за неа, но и за училиштето.

Ова е успех за сите нас, за целото наше училиште, но и на директорката која го поддржа проектот. Ние за прв пат учествувавме во рамките на проектот, а инаку се реализира втора година по ред – изјави Стојановска.

Инаку СОУ „Перо Наков“ во последно време бележи значително подобрување во своето работење што е забележливо од постигнатите успеси на учениците, а благодарение на доброто менаџирање со оваа обарзовна установа.