Во руските напади во текот на изминатата ноќ, 17 лица беа убиени во Киев, изјави денес на социјалните мрежи градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко, и го прогласи петокот за ден на жалост.
„Ова е најмасовниот напад врз Киев од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година“, објави Кличко на социјалните мрежи.
Украинските спасувачки служби објавија дека околу 90 лица се повредени и дека потрагата по преживеани под урнатините на уништените згради продолжува.

