Убиството на т.н Командант Шќипоња снимено со 12 камери

Сподели со своите пријатели

Утрински весник во натписот за убиството на т.н Командант Шќипоња што се случи во Куманово завчера, тврди дека од извори блиски до истрагата дознаваат дека објектот бил сниман со 12 видеокамери и сите тие биле исправни. На нив може да се види целиот тек на случувањата.

Loading...

Според овие тврдења, командант Шќипоња, придружуван од уште две лица, влегол во локалот и започнал расправа со Бајрам Лимани – в.д. претседател на кумановскиот огранок на ДУИ. Следувала физичка пресметка, Реџепи го удрил Лимани, кој паднал на подот. Во тој момент извадил пиштол и стрелал кон Реџепи, погодувајќи го четири пати во градите. Пукано е и во другите двајца пријатели на командант Шќипоња, пукачите одлучиле да побегнат, но набргу биле уапсени.

Според соопштението на МВР публикувано вчера, убиството се случило во четвртокот околу 15.35 часот на улицата „11 Ноември“, поточно во кафе-барот „Шпија Јон“. Најнапред дошло до вербална расправија, а потоа и до физичка пресметка меѓу двете спротивставени групи. На крајот било пукано од огнено оружје, при што три лица се здобиле со повреди и итно биле пренесени во кумановската болница. За животот на Реџепи немало спас, додека Ш.Р. (38) и Г.Д. (38) се пренесени на скопските клиники.