Убиени тројца лидери на Народниот фронт за ослободување на Палестина во израелски напад на Бејрут

Сподели со своите пријатели

Народниот фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП) денеска соопшти дека тројца водачи на таа палестинска група биле убиени синоќа во израелски воздушен напад врз областа Кола во Бејрут.

Loading...

Целта на нападот бил горниот кат на станбена зграда, пренесува Ројтерс цитирајќи неименуван сведок.

Во меѓувреме, палестинската група Хамас објави дека нејзиниот лидер во Либан, Фатех Шериф Абу ел-Амин, заедно со неговата сопруга, син и ќерка, се убиени во израелски воздушен напад на Либан денеска.

Според соопштението на Хамас, семејството било убиено рано утринава во напад на нивната куќа во палестинскиот бегалски камп во јужниот град Тир.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Убиен лидерот на Хамас во Либан, Фатах Шариф Абу ал-Амин