Убиени 41 лице во женски затвор во Хондурас при тепачка меѓу ривалски банди

Сподели со своите пријатели

Најмалку 41 лице загинаа во женски затвор во Хондурас, изјави во вторникот (20-ти јуни) портпаролот на јавното обвинителство, Јуриј Мора, по очигледен затворски бунт.

Loading...

Властите работат на идентификување на телата во женскиот затвор со 900 лица, на околу 20 километри од главниот град Тегусигалпа, изјави портпаролот Јуриј Мора за Ројтерс, додавајќи дека некои починале од изгореници, а други биле застрелани.

Тој рече и дека Владата во моментов не може да ги потврди деталите за настанот.

Претседателката на здружението за семејство на затвореници, Делма Ордонез, изјави дека во вторникот, на 20 јуни, во раните утрински часови избила тепачка меѓу ривалските банди Барио 18 и Мара Салватруча.

Локалните медиуми објавија дека дошло до бунт, објавувајќи фотографии на кои се гледа црн чад кој доаѓа од зградата на затворот.

Роднините на затвореничките побарале информации за нивните најблиски надвор од затворот.

„Барам информации за тоа што се случи со ќерка ми, но сè уште не не известија“, изјави една жена за локалната телевизија.

Анонимен извор од државната болница изјави дека седум лица се лекуваат.

Loading...

Има историја на смртоносни инциденти во затворите во Хондурас, а во 2018 година наводно биле убиени 18 затвореници во пресметки меѓу банди, а повеќе од 350 луѓе загинале во пожар во 2012 година, пренесува Ројтерс.