Убиени 125 крокодили за да не побегнат во поплавите

Сподели со своите пријатели

Фарма за крокодили во Тајланд уби 125 од влекачите поради страв дека ќе избегаат за време на поплавите во земјата и ќе го загрозат населението, изјави во средата нејзиниот сопственик.

Loading...

„Дождот ги еродираше ѕидовите на фармата и за жал моравме да убиеме 125 крокодили“ кои ги одгледуваме „17 години“, потврди за АФП Натапак Хумкад, фармер во провинцијата Ламфун.

Одгледувачот рече дека тој и неговите вработени ги убиле сијамските крокодили со струја за да ги спречат да избегаат и да талкаат низ селата, слободно да ги напаѓаат селаните и добитокот.

Сијамскиот крокодил, кој може да порасне и до три метри, е ендемичен вид на Југоисточна Азија кој е критично загрозен во дивината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голем протест во Виена поради можна екстремно десничарска влада. „Не во коалиција со нацистите“

Одгледувачот рече дека контактирал со властите за да ги смести неговите влекачи во привремено засолниште додека поплавата не се смири, но неговото барање било одбиено бидејќи животните биле преголеми.