„Убиецот на планетата“ утре ќе прелета покрај Земјата

Сподели со своите пријатели

Огромен астероид наречен „убиец на планетите“ ќе помине покрај Земјата на 27 јуни, но не треба да се грижите.

Loading...

Научниците проценуваат дека масивната карпа (2011 UL21) ќе биде оддалечена 6,6 милиони километри од нашата планета и ќе се движи со брзина од 93.000 km/h.

Астероид со пречник од 2,5 километри, во текот на утрешниот ден, ќе биде најблиску до Земјата во последните 110 години.

Интересно е тоа што НАСА официјално го категоризираше како „потенцијално опасен објект“ поради неговата големина и орбита, пишува Daily Star.

2011 UL21 орбитира околу Сонцето еднаш на секои три години на растојание што е 1,3 пати повеќе од просечното растојание помеѓу Земјата и Сонцето.

Се проценува дека е поголем од 99% од астероидите во нашиот систем, но пет пати помал од астероидот што ги збриша диносаурусите.

Научниците проценуваат дека во случај на удар на Земјата – што нема да се случи сега или во иднина – таа би имала капацитет да направи штета на континентално ниво, пренесува LiveScience.

Во исто време, атмосферата би се исполнила со прашина и разни отпадоци, што би предизвикало значителни климатски промени.

Loading...

Астероидот 2011 UL21 се очекува да биде највидлив за набљудувачите на северната хемисфера.