Уапсени двајца пратеници од Европскиот парламент

Сподели со своите пријатели

Белгиското обвинителство го уапси пратеникот во Европскиот парламент Марко Тарабела, додека другиот Андреа Козолино е приведен како дел од истрагата за корупцискиот скандал во оваа европска институција, пренесува Ројтерс.

Loading...

Извори од италијанската Демократска партија соопштија дека полицијата по наредба на белгиското обвинителство го уапсила пратеникот Козолино во клиника во Неапол, каде што бил на медицински прегледи.

Белгиското обвинителство претходно соопшти дека е приведен пратеникот со иницијали М.Т. , а извор близок до истрагата за Ројтерс изјавил дека станува збор за Белгиецот Марк Тарабела, јави Танјуг.

Членовите на Европскиот парламент минатата недела им го укинаа имунитетот на Козолин и Тарабела.

Грчката европратеничка Ева Каили, поранешниот италијански европратеник Пјер Антонио Панчери, заедно со уште двајца членови на парламентот, се во затвор во Белгија каде се соочуваат со обвиненија за корупција и перење пари како дел од истрагата за наводни плаќања од Катар и Мароко.