Уапсен убиец канибал: Во куфер носел месо за кое постои сомневање дека се човечки останки

Сподели со своите пријатели

Португалската полиција уапси маж осомничен за убиство и канибализам и истражува дали „сомнителното месо“ пронајдено во неговиот куфер ги претставува човечките останки на наводната жртва.

Loading...

Како што пренесува Дејли Мејл, Беголеа Мендес Фернандес (25) е уапсен на аеродромот во Лисабон откако пристигнал со авион од Амстердам.

Се сомневаат дека во неделата го убил Алан Лопес (21) во главниот град на Холандија, а доказите би можеле да се кријат во неговиот куфер.

Имено, полицијата се сомнева дека во чантата има човечки останки, па содржината од чантата е испратена на посебно вештачење.

Португалските медиуми пишуваат и дека Фернандеш не е само убиец, туку и канибал.

Тој бил приведен на аеродромот од каде планирал да полета за Бразил. За неколку дена се очекува екстрадиција во Холандија.

„Во понеделникот на аеродромот во Лисабон е уапсен маж (26) осомничен за убиство во Холандија. Носел крвава облека и пакет со парчиња месо во чантата. Приведен е на граничната контрола на аеродромот откако властите се посомневаа дека носел фалсификувана италијанска лична карта. Најпрвин го осомничеа само дека патува со лажни документи, но потоа било откриено дека тој ден претходно бил осомничен за убиство во Холандија“, изјави портпаролот на португалската гранична служба.

Тој додаде дека Лопес е осомничен за смртта на 21-годишниот маж кој беше пронајден во куќа на Вегастраат во северниот дел на Амстердам вечерта во неделата на 26 февруари.

Loading...

Алан Лопес (21) е пронајден мртов во куќата во која живеел со својата мајка и двете сестри. Португалскиот дневен весник Journal de Noticias објави дека Лопес можеби бил жртва на канибализам.

Истрагата е во тек.