Уапсен Драган Даравелски

Сподели со своите пријатели

Полицијата денеска го привела Драган Даравелски, кој беше баран со меѓународна потерница, јавува „360 степени“ повикувајќи се на извори од МВР.

Loading...

„Денеска (10.01.2023) на ГП ‘Табановце’ е приведен Д.Д., кој се бараше со меѓународна потерница, и ќе биде пренесен во надлежната казнено-поправна установа“, соопштија од МВР.

Даравелски е поранешен директор на Царина, и беше осуден за злоупотреба на службената положба во период од 1999 до 2002 година во вредност од 2 милиони евра.

Неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски, беше обвинет за истото дело, но и за фалсификување службена исправа.

Според обвинението, државата била оштетена за 2,5 милиони евра. Судот тогаш одлучи на двајцата да им се заплени имот во висина од 103 575 167 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 3.000 лица со право на глас во Старо Нагоричане

Даравелски беше баран и од Интерпол. Во 2016 година беше уапсен во Белград, но немаше негова екстрадиција откако дознаа дека тој поседува и српско државјанство.

Даравелски во минатото бил сопственик на низа фирми во Куманово.