ТВ екипа од Чикаго ограбена додека известувала за грабежи

Сподели со своите пријатели

Екипа на ТВ станица во Чикаго која известувала за серија кражби била ограбена од тројца мажи со фантомки.

Loading...

ТВ „Унивизион“ која ја емитува програмата на шпански, изјави дека репортерот и снимателот снимале во центарот на градот во понеделникот во пет часот наутро, кога им пришле три маскирани лица, впериле пиштол кон нив и ги ограбиле, ги зеле нивната камера и други предмети, јави Voice of America.

„Тие им пријдоа со пиштоли, ги земаа главно нивните лични работи и камера“, рече Луис Годинез, потпретседател на телевизиската компанија задолжен за вести.

Тој додаде дека темата на известувањето биле серија кражби во центарот, кои требало да се емитуваат на утринските вести.

Тој изјави дека снимениот материјал останал во украдената камера и дека се што снимиле никогаш не било емитувано.

Полицијата во Чикаго соопшти дека никој не е повреден, но нема ни уапсени.

Годинес наведува дека телевизијата не сака да ги открие имињата на репортерите и снимателите, за да ја заштити нивната приватност.

„Тие се добро, ние заедно го поминуваме ова како тим“, рече тој.

Loading...

Ова е втор грабеж овој месец насочен кон новинарска екипа, откако на 8 август беше нападнат и ограбен снимател на WLS-TV.