Турски министер: Америка се меша во нашите претседателски избори

Сподели со своите пријатели

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу уште еднаш ги обвини САД за мешање во изборниот процес во земјата, во врска со одлуката на еден од претседателските кандидати Мухарем Инџе да се повлече од изборната трка.

Loading...

„Америка се меша во тие избори. Веќе сите знаат дека во таа земја тоа го изјавува и самиот претседател на САД. Нападот на Мухарем Инџе, јасно е од каде дојде, каде беше координиран. Тоа е Америка. Во последните денови, господинот Бајден го активираше својот народ во Турција“, изјави Сојлу за Си-Ен-Ен Турк.

Тој во изјава за весникот „Стар“ рече дека САД редовно се мешаат во изборите во Турција, дека тоа го прават на различни начини, вклучително и со монтирани видеа.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД во сабота ќе гласаат за законот за воена помош за Украина

„Што им направи Мухарем Инџе? Воопшто немаат совест“, рече Сојлу.

Според неговото мислење зад сите овие активности против Турција стои американскиот претседател Џозеф Бајден.

„Тој е тој што вели дека кога не успеаја да го соборат Ердоган со државен удар (во 2016 година), тогаш тоа ќе го направат со мешање во изборите“, рече Сојлу, пренесе Спутник.

Тој смета дека Вашингтон не сака реизбор на Ердоган, туку избор на Киличдароглу, кој според Американците треба да ги освои гласовите на Инџе.

Инџе вчера објави дека се повлекува од предизборната трка, а како причина го наведе притисокот врз него преку разни провокации.

Loading...

Главни претенденти за претседателската функција се Реџеп Таип Ердоган и лидерот на опозицијата Кемал Киличдароглу, но за таа позиција ќе се бори и кандидатот на коалицијата Ата Синан Оган.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  КАНАДА: Шестмина уапсени за најголемата кражба во историјата на земјата