Турист го изгравирал името на својата свршеница во Колосеум, се соочува со огромна казна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неидентификуван млад турист кој го оштетил римскиот Колосеум со врежување на своето и името на неговата свршеница на еден од ѕидовите на амфитеатарот Флавијан со клучеви се соочува со парична казна од најмалку 15.000 евра и до пет години затвор.

Loading...

Некои од присутните ја снимиле сцената, која најверојатно се случила на 23 јуни, а видеото завршило на социјалните мрежи и ја алармирало полицијата, пренесува Анса.

„Многу сериозен и недостоинствен чин и знак на необразование. Се надевам дека сторителот ќе биде идентификуван и санкциониран според нашите закони“, изјави министерот за култура Џенаро Сандуљано.