Турција го осудува навлегувањето на израелската армија во тампон зоната и сириската територија

Сподели со своите пријатели

Турското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека остро го осудува влегувањето на израелската армија во тампон зоната меѓу Израел и Сирија и нејзиното наводно напредување на сириска територија.

Loading...

„Израел уште еднаш го покажува својот окупациски менталитет“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи, пренесува Ројтерс.

Израел негираше дека неговите сили влегле на сириска територија надвор од тампон зоната со Голанската висорамнина, која ја држи под окупација, откако сириски извори соопштија дека израелската армија извршила упад на околу 25 километри од главниот град Дамаск.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нема мир дури и додека траат преговорите. Израел уби 17 луѓе во Газа