Трудница 41 недела не заминала на преглед, целата болница останала во ШОК на породувањето (видео)

Сподели со своите пријатели

Во март 2017 година, жена која сакала да остане анонимна се пријавила во болница во Барнаулу во западен Сибир. Била во 41та недела од бременоста, а до тогаш не посетувала лекар или бабица. Причината била недоверба која ја чувствува кон медицинската индустрија.

Кога требало да се породи сепак побарала лекарска помош, а по прегледот, лекарите откриле нешто што ја шокирало целата болница.

Жената имала ванматерична бременост, во која јајце клетките излегуваат од матката и се врзуваат, најчесто за јајцеводот, но во овој случај за внатрешноста на стомачната празнина, што е состојба опасна по животот на трудницата и плодот. Откако сфатиле за каква бременост се работи, лекарите веднаш ја однеле жената во операциска сала.

Кај ваквата бременост неопходен е царски рез, исто така мора да се отстрани постелницата, што може да доведе до силно крварење кај мајката. кога хирурхот на свет донел девојче, се случило чудо, не само што бебето било живот, туку немало никакви последици и било тешко дури четири килограми.

Гордата мајка девојчето го нарекла Вероника, што значи пбоеда, а нејзината приказна станала доста популарна во Русија. По ова жената изјавила дека ако некогаш повторно забремени дефинитивно редовно ќе посетува лекар.

Loading...