Троши милиони за да се подмлади, но сега изгледа дека се надмина самиот себе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Брајан Џонсон, 45-годишниот кој потроши два милиони долари во обид да ги врати годините, откри специјален уред кој дава ефект еквивалентен на изведување 20.000 стомачни за само 30 минути.

Loading...

Џонсон се обидува да ја намали својата возраст со интензивна и скапа експериментална медицинска програма што ја нарекува Project Blueprint и тврди дека го постигнал капацитетот на белите дробови и кондицијата како 18-годишник.

Тој сака да ги врати годините назад

Џонсон работел со тим од 30 лекари за внимателно следење на секој дел од неговото тело и нивото на кондиција во обид да ги врати годините назад.

Според планот, Џонсон вежба најмалку еден час секој ден, вклучувајќи три тренинзи со висок интензитет неделно.

20.000 стомачни за половина час

Дел од неговата рутина за вежбање вклучува специјален уред за кој вели дека му дава на неговото тело еквивалент на 20.000 стомачни за само половина час, а како тоа изгледа тој го покажа во видеото објавено на ТикТок.

„Се чувствувате како да ви го вади целиот стомак. Како да го откинува“, откри тој и додаде: „Мислев дека се ќе боли после оваа, но не беше така“.

Тој објасни дека користењето на уредот „никогаш не ме натерало да се чувствувам посилно“ и покрај дисциплинираното вежбање, се залага и за строга веганска исхрана која вклучува консумирање точно 1.977 калории дневно.

Покрај тоа, тој легнува секоја вечер во исто време, откако поминува два часа носејќи специјални очила со сина светлина.

Loading...

 

@_bryan_johnson_This machine is the equivalent of 20k sit-ups in 30 mins. Full protocol on my profile

♬ original sound – Bryan Johnson