Тројца повредени откако „голф“ излетал од патот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три лица се повредени, меѓу кои и едно малолетно, откако „голф“ вчера излетал од пататот во центарот на Куманово.

Loading...

– На 13.04.2025 околу 23.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„11 Ноември“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.К.(21) од с.Клечовце, општина Старо Нагоричане, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Куманово, а со телесни повреди се здобиле возачот М.К. и уште еден сопатник Д.Л.(36) од Куманово, констатирани во Општата болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Исчезнатото девојче од Куманово, по грешка завршило во Скопје

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски