Тројца навивачи на групата ”Кумани” нападнале полицајци

Сподели со своите пријатели

Тројца навивачи на кошаркарскиот клуб Куманово вчеравечер околу 20.45 часот, по завршувањето на кошаркарскиот натпревар меѓу Работнички и Куманово, наводно нападнале двајца полицајци.

Loading...

Според информациите на МВР кои се уште не се објавени во дневниот билтен, Н.К. (23), Т.С. (19) и М.Д. (17), сите од Куманово, со тврди предмети нападнале двајца полициски службеници и им нанеле телесни повреди.

По расчистувањето на случајот против напаѓачите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Проблеми со специјалните сили на полицијата започнаа уште во текот на натпреварот, кога поради интервенција, на кратко беше прекинат натпреварот помеѓу Работнички и Куманово.

Leave a Reply