Тројца исчезнати по експлозија во Ротердам

Сподели со своите пријатели

Полицијата со кучиња трагачи и беспилотни летала ги пребара урнатините на зградата во која вчера експлозија предизвика голем пожар во станбениот комплекс на Шаменкамп во Ротердам, во потрага по три лица кои се водат за исчезнати, но не нашла никакви траги.

Loading...

Кучињата трагачи во вторникот неколку пати сигнализирале дека пронашле нешто додека ја пребарувале зградата, но според портпаролот на полицијата тоа не мора да значи дека пронашле тело, пренесува „NL Times“.

Мора да се земе предвид можноста трите исчезнати лица да не ја преживеале експлозијата, додаде портпаролот на противпожарната единица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Еве зошто Америка нема да го нападне Иран - еден генерал го победи Пентагон

Полицијата не соопшти што би можело да ја предизвика експлозијата, во која три лица се водат како исчезнати, а едно е повредено, со оглед дека форензичарите се уште не можат да влезат во зградата бидејќи е премногу нестабилна.

Службите за вонредни состојби рекоа дека експлозијата имала „огромна сила“ и е за разлика од многу експлозиви детонирани низ Холандија во текот на минатата година.

Жителите од 12 до 15 куќи, кои се наоѓаа над гаражата каде што се случи експлозијата, не можат да се вратат во своите домови поради големата штета.

Останатите жители од вкупно 44 домови кои беа евакуирани по експлозијата добија дозвола да се вратат по проверка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мелони по поразот на нејзината партија: „Не можам ни да се напијам бидејќи трае постот“

 

Loading...