Тримесечно бебе почина во центар за азиланти во Холандија

Сподели со своите пријатели

Холандските власти ја истражуваат смртта на тримесечно бебе во главниот прифатен центар за баратели на азил во земјата, објави во четвртокот Би-Би-Си.

Loading...

Властите соопштија дека бебето починало во средата наутро во „спортска сала што се користи како засолниште за итни случаи“ во североисточното село Тер Апел.

„За жал, лекарската помош беше залудна“, соопштија од Државниот инспекторат за здравство и заштита на младите.

Името, полот и националноста на бебето не се објавени.

Инспекторатот изјави дека „ќе ги истражи сите можни аспекти кои можеби имале улога во смртта на бебето“.

Ќе се испита нивото на медицинска нега, расположливата нега и условите за живот во тој прифатен центар.

Холандија е во азилантска криза со стотици луѓе кои спијат пред официјалниот прифатен центар, истакнува Би-би-си.

Како причини тој го наведува тоа што барањата не се обработуваат доволно брзо, барателите на азил не можат да одат на друго место и нема доволно сместување за барателите на азил во земјата.

Loading...