Три вљубени жени измамил за 120.00 евра, од затвор ја завел четвртата, а сите паднале на иста приказна (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Маж, кој глумејќи пилот, на измама зел 120.000 фунти (140.000 евра) од три вљубени жени, успеал да заведе уште една, со која стапил во врска од затвор.

Амар Хајдер (31) се сретнал со здарвствена работничка кога привремено бил пуштен од затвор, каде служел казна од пет години поради измама. Дури и стигнал да се ожени со неа во рамките на исламските обичаи во Лондон, а пред тоа од неа позјамил БМВ.

Со сосптвеничката на автомобилот стапил во контакт така што и испратил порака која наводно била наменета за неговата сестра. кога му одговорила дека не е таа личност, бргу ја шармирал со приказни за кариера на пилот во авио компанијата „Емиратес“.

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мухамед e најпопуларно машко име во Велика Британија

 

Истиот принцип го применил и да ги заведе претходните жртви, а сопственичката на БМВ-то набргу ја користела секоја можност да го види, а по неколку месеци ги венчал имам.

Триесет и четиригогидшната „снаа“ вчера го критикувала фактот дека сите затвореници во затворот ХМП Хјуел имаат мобилни телефони кои им ги доставуваат тајно.

Откриена лото измама на векот (фото)

– Се среќававме за викенд или кога ќе беше на отсуство, затоа што ми велеше дека остатокот од времето работи на север, раскажува жртвата.

Жителка на село од околината на Вустер сосема случајно го фатила во лагата. Откако и рекол дека е под истрага за затајување данок, таа го побарала на Гугл адвокатот кој тој го споменал и открила низа статии за измамите на наводниот пилот.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Токио воведува четиридневна работна недела. Сакаат да го зголемат наталитетот

 

Иако првично се понадала дека се променил, дефинитивно ја раскинала врската откако открила дека испраќа пораки на друга жена.

До тогаш на него потрошила околу 4.000 фунти. Двете жени веруваат дека нивните броеви ги пронашол на сајтови за запознавање.

Leave a Reply