Три пожари изминатото деноноќие во Куманово

Сподели со своите пријатели

Три пожари изгаснале кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие, а во сите три случаи гореле сува трева и стрништа.

Loading...

Во период од 12:48 до 13:55 часот тројца пожарникари интервенирале на запалена сува трева и стрниште во атарот на селото Орашац.

Во селото Новосељане исто така гореле сува трева и стрниште. Таму интервенирале четворица пожарникари во период од 18:30 до 21:45 часот.

Стрниште и сува трева гореле и во населбата Карпош, каде двајца пожарникари гаснеле во период од 18:45 до 21:40 часот.

Во моментот нема активни пожари.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец останал без 16.000 денари, го измамиле за огревно дрво