Три интервенции бележат кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, првата интервенција била кај месноста Менкова колиба каде горела сува трева. Таму интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило во период од 17:25 до 18:05 часот.
Стрниште и сува трева на површина од околу два хектара гореле во атарот на селото Брзак. Таму интервенирале тројца пожарникари со едно возило во период од 19:55 до 22:05 часот.
На улицата „Никола Карев“ изгорел автомобил. Таму во период од 02:55 часот до 03:55 часот интервенирале четворица пожарникари.
ПРОЧИТАЈТЕ И: Над 150 културни настани и околу 14.500 посетители годинава во НУЦК „Трајко Прокопиев“
Причините за избувнување на пожарите засега не се познати.
Никола Ивановски

