Три меѓународни награди за младите пијанисти во класа на проф. Сандра Зојчевска

Сподели со своите пријатели

На 13 – тиот меѓународен натпревар на млади музичари кој се одржа во Уб , Република Србија, учество земаа тројца ученици од УОМО ”Панче Пешев” од Куманово кои посетуваат настава во класата на проф. м-р Сандра Зојчевска.

Loading...

image-35d5cd1be7e98bb9eae26b02a2868bf9153ac1266e5388b0d6c550359113896c-V

Сите тројца ученици земаа прво место, соопшти денес професор Зојчевска.

– Емира Муслиу (2005) се натпреваруваше во втора категорија со изведба на ”Сонатина” од Бетовен во g-dur и “Валцер” од Шуберт во h-moll, при што освои 92 поени и зема прво место. Ученичката Едита Муслиу (2003), се натпреваруваше во трета категорија со ”Виенска сонатина” од Моцарт во c-dur  бр.6 и “Серенада” од Шуберт, и со освоени 94 поена, исто така зема прва награда, додека ученикот Марко Насковски, кој истотака се натпреваруваше во трета категорија со “Виенска сонатина” во c-dur бр.1 и “Лeкуку” од Данкин, освои 90 поени и така ја освои првата награда на меѓународниот натпревар, вели проф. Зојчевска.

Меѓународниот натпревар за млади музичари се одржа во градот Уб во Република Србија, во рамки на натпреварувањата во Музичкото училиште ”Петар Стојановиќ”.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Изложба на Меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште“ во Куманово

 

 

Leave a Reply