Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против три лица од Куманово Д.П. (40), И.С. (27) и Б.Д. (27), поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело криумчарење мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Имено во текот на вчерашниот ден околу 3:40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје во близина на селото Прдејци од страна на полициски службеници било забележано како во патничко возило „крајслер“ , управувано од Д.П. влегуваат мигранти.
Во 03.45 часот било сопрено и патничко возило „ауди“ во кое биле останатите пријавени. Од преземени мерки е утврдено дека во организација на И.С. со возилото на Д.П. се превезувале мигранти, а додека останатите пријавени со другото возило му биле претходница.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавените им е определена мерка притвор од по осум дена, а истите ќе одговараат за криумчарење мигранти.