Не само фарбањето и неадекватната нега на косата се заслужни зошто таа понекогаш изгледа прекршено и безживотно. На нејзиниот квалитет можат да влијаат и одредени фризури, кои редовно ги правиме, а не одговараат на нашата коса. Одредени фризури нанесуваат штета на структурата на нашата коса и можат да предизвикаат нејзино опаѓање.
1. Испеглана коса
Иако ова на многумина им е омилена фрузира, секојдневното пеглање е многу штетно за квалитетот на нашата коса. Топлината ја менува структурата на косата, при што таа изгледа многус уво. Јасно ни е дека ретко кој може да се откаже од ваквата фризура, но потрудете се таа да не биде ваш секојдневено избор и пружете и на косата адекватна нега, за да го сочувате нејзиниот ваклитет и при излегувањето на високи температури.
2. Коњско опавче
Врзувањето на косата во високо, цврсто опавче предизвикува нејзино кршење во предлот кој се врзува со гумичка. Во ред е кога косата ви изгледа лошо да ја врзете во опавче, но потрудете се тоа да биде вашиот последен избор.
3. Пунџа
Како и коњското опавче и пунџата, особено она која е цврсто стегната, ја крши вашата коса, а со тоа го извлекува и влакното од коренот, што доведува до опаѓање на косата, кога коренот слабее. Иако и опуштената пунџа благо ќе ја скрши косата, подобар е избор од класичната затегната, затоа што не му штети на коренот на косата и нема да предизвика главоболка.